
Пред да биде воведен данокот за солидарност потребни се неколку јавни дебати со сите засегнати страни. Опозицијата смета дека предлог-законското решение има многу слабости и треба да се доработи. Во иднина да не се носат избрзани одлуки кога станува збор воведување на нови давачки за компаниите. Стопанството не смее да биде во дополнителна неизвесност. Од ВМРО-ДПМНЕ и од бизнис секторот ги потенцираа слабостите за данокот на солидарност. Од власта решија да не е појават на дебатата во Алсат. Економски магазин е вечерва во 22 часот и 20 минути.
„Ние треба да водиме сметка, оние компании кои се поликвидни, за да може да го исплатат данокот. А, не и онака кревкото стопанство да го натераме да земе кредити за да плаќа давачки кон државата, а државата во овој момент да не биде солидарна, при тоа затегнувајќи ги фискалните давачки од буџетот“, рече Бојан Стојаноски, ВМРО-ДПМНЕ.