ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Данокот на добивка – ризик за опстанокот на фирмите

Данокот на добивка – ризик за опстанокот на фирмите

Малите бизниси се против намерата на власта да плаќаат еден отсто од годишниот промет или 10 отсто од годишната добивка. Од Занаетчиската комора, бизнис здружение кое е најзасегнато со овие предлог измени на Законот за данокот на добивка велат дека со воведувањето на новата давачка се отвора простор за сива економија. Занаетчиите ги повикуваат надлежните  да ги посетат нивните работилници, дуќани , продажни места  за да видат како тие преживуваат.

Advertisements

„Додека се бориме за егзистенција и со неформалната конкуренциа, Вие одлучивте да нема веќе даночни олеснувања? Која е причината, која е намерата? Дали е подобро заедно да се бориме со сивата економија која никако не можеме да ја сузбиеме или пак да ја намалиме, или полесниот начин е да и формалните дејности ги насочите кон сивата економија“, велад од Занаетчиска комора.

Од Сојузот на стопански комори предупредуваат дека доколку бидат усвоени измените на Законот за данок на добивка, кои предвидуваат укинување на  ослободувањето на компаниите од плаќање на годишна такса,  во случај да немаат направено три милиони денари, во опасност да опстојат се околу 50 илјади мали и микро фирми.

„Втора клучна забелешка на истиот предлог закон е одредбата со која се предвидува обврска за плаќање на петкратен износ на данокот во случаите кога даночниот обврзник документирано не докаже дека даночното ослободување го искористил за вложувања во материјални средства и во нематеријални средства за проширување на дејноста“, нагласуват од Сојуз на стопански комори.

Вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи во Економски магазин на Алсат вели дека трошокот на фирмите по овој основ ќе биде мал.

„За шест милиони денари промет, ако изберам да плаќам еден отсто данок на добивка е 60 илјади денари годишно, за 12 месеци по пет илјади денари. Толку е фискалниот ефект, и толку навистина ќе ги погоди малите компании“, изјави Фатмир Битиќи.

Малите бизниси беа ослободени од овој данок доколку не направат во годината над три милиони денари. Бизнисмените велат дека е проблем и тоа што овие законски измени воопшто не биле објавени на Електронскиот национален регистар на прописи, дополнително се револтирани што овие нови правила се носат во брза постапка без да се остави простор на прилагодување или претходно планирање на компаниите./Асат.мк

Иле Петревски

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button