СВЕТ

Данска им дозволува на жените да се приклучат на војската

Жените во Данска ќе можат да се приклучат на војската, сѐ со цел да се зголеми бројот на војници и да се зајакне одбраната.

Advertisements

Според законот усвоен од данскиот парламент во јуни 2023 година, Данска ќе бара од жените кои ќе наполнат 18 години по 1 јули 2025 година да се регистрираат за проценка за можна воена служба, усогласувајќи се со мерките што веќе се во сила за мажите, објавува CNN.

Досега, жените, кои сочинуваа околу 24 проценти од сите регрути минатата година, имаа право да се приклучат на војската на доброволна основа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button