ВЕСТИСВЕТ

Данска ја зголемува старосната граница за пензионирање на 70 години

Данска ќе има највисока возраст за пензионирање во Европа откако нејзиниот парламент донесе закон со кој ја зголеми на 70 години до 2040 година. Од 2006 година Данска ја поврза официјалната возраст за пензионирање со очекуваниот животен век и ја ревидира на секои пет години. Моментално е 67 години, но ќе се зголеми на 68 до 2030 година и на 69 години до 2035 година.

Advertisements

Возрасната граница од 70 години ќе важи за сите родени по 31 декември 1970 година. Новиот закон беше усвоен минатата недела со 81 глас „за“ и 21 „против“. Но, премиерката на социјалдемократите Мете Фредериксен минатата година изјави дека принципот на автоматско зголемување на возраста за пензионирање ќе мора да се преиспита со текот на времето.

„Повеќе не веруваме дека возраста за пензионирање треба автоматски да се зголемува“, рече таа, додавајќи оти нејзината партија верува „дека не можете само да велите дека луѓето мора да работат уште една година“. Во последните недели во Копенхаген се одржаа протести поддржани од синдикатите за да се спротивстават на зголемувањето на возраста за пензионирање.

Во Шведска најраната возраст за пензионирање е 63 години. Во Италија стандардната возраст за пензионирање е 67 години, а како и во Данска, таа е предмет на промена врз основа на очекуваниот животен век и може да се зголеми во 2026 година. Во Велика Британија лицата родени помеѓу 6 октомври 1954 и 5 април 1960 година почнуваат да ја примаат својата пензија на 66 години. За оние родени по тој датум возраста за државна пензија постепено ќе се зголемува.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button