
Селекцијата на Данска е противникот на Хрватска во финалето на Светското првенство во ракомет, откако во синоќешното полуфинале ја совлада Португалија со преубедливи 40-27.
Со оваа победа, актуелниот трократен светски првак ја продолжи серијата на доминантни триумфи на турнирот, каде што има осум победи од осум натпревари.
Данска со 40 постигнати гола го урна рекордот што досега го држеше Хрватска за најмногу голови во битките за финале.
Тимот на Лино Червар во 2003 година постигна 39 гола против Шпанија во полуфиналето, но тоа беше по продолженија, додека Данците ова го направија во регуларниот дел од натпреварот.