
Поранешниот петти пик на НБА драфтот, Данте Егзум, останува во најсилната светска лига и ќе потпише нов договор со екипата на Далас Маверикс.
Информацијата ја сподели доброупатениот Марк Стајн, кој најави дека Егзум ги задоволил вкусовите на управата и ќе остане во тимот уште најмалку една година.
Екс-кошаркарот на белградски Партизан сезонава најчесто влегуваше од клупата, имаше проблеми и со мали повреди, но успеа да забележи просек од осум поени, 2,8 асистенции и 2,4 скока по натпревар