ЗАБАВА
„Дар ал-Хаџар“, делумно карпа, делумно палата


Алсат
23.06.2020 14:18
Делумно палата, а делумно карпа. Ова е една од најспектакуларните градби во светот. Камената куќа во Јемен, наречена „Дар ал-Хаџар“ е поранешна кралска резиденција која повеќе личи на дополнителен кат на еден карпест масив. Познатата зграда е еден од симболите на Јемен, па ја има и на националните банкноти. Ова архитектонско чудо се наоѓа на 14 километри од главниот град Сана и е изградено во 1920 година како летна резиденција на исламскиот духовен водач и јеменски монарх Хамид.