СПОРТ

Дарио Ивановски, 29 -ти на Европското Првенство во Рим

Најдобриот македонски атлетичар во моментов, Дарио Ивановски, го освои 29. место во полумаратонската трка на Европското Првенство (ЕП) во Рим и тоа со нов државен рекорд, откако патеката по улиците на „вечниот град“ ја истрча за 1:04:01 часови.

Ова беше за 44 секунди подобро остварување од неговиот досегашно најдобро време, остварено пред девет месеци на трка во Битола. Тој истрча во рамки на очекуваното, со оглед што на шампионатот дојде со 28 време во однос на конкуренцијата, а се најде некаде точно на половина од конечниот пласман со оглед што 57 атлетичари ја завршија трката.

Златниот медал заврши на градите на италијанскиот полумаратонец, Јеманеберхан Крипа, кој со време 1:01:03, постави нов рекорд на Европските Првенства, додека сребрениот медал го освои неговиот сонародник Пиетро Рива, а бронзен беше Аманал Петрос од Германија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button