СПОРТФУДБАЛ

Дарко Чурлинов ја заврши авантурата во Германија

Дарко Чурлинов ја заврши авантурата во Германија и се врати во Англија каде е актуелен член на тимот на Барнли. 23-годишниот крилен играч е под договор со Барнли, но беше испратен на позајмица во неговиот стар тим затоа што не добиваше голема минутажа во Премиер Лигата под водство на Винсент Компани.

Чурлинов настапи на десет натпревари, одигра 317 минути за Шалке 04 во кои забележа еден гол и една асистенција. Младиот играч имаше проблеми при крајот на сезоната затоа што беше повреден, па мораше да ги пропушти последните три средби затоа што тренерот не сакаше да ризикува со неговото здравје.

Барнли испадна од Премиер лигата во Чемпионшип, а голема е веројатноста Компани да си замине од екипата. Останува да видиме каква ќе биде иднината на Чурлинов во англискиот клуб во кој дојде од Штутгарт.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button