ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Дарко Костадиновски нов претседател на Уставниот суд
Дарко Костадиновски нов претседател на Уставниот суд

По десет круга гласање конечно се појави бел чад од Уставниот суд и заврши кризата. По десет круга гласање уставните судии го избраа Дарко Костадиновски за нов претседател на Уставниот суд и наследник на Добрила Кацарска чиј мандат истече во неделата. Тој доаѓа од редовите на уставните судии и ќе има мандат од три години.
Костадиновски е уставен судија од 2018 година. Претходно беше советник во кабнинетите на претседателите Трајковски, Црвенковски и Иванов. Во 2012 година докторирал правни науки за прашања од меѓународна арбитража.