
ДАУТИ НЕ ОДГОВОРИ ПРЕЦИЗНО ЗА ОСТАВКАТА
Се уште е нејасно во јавноста и од страна на експертите, поради двосмисленоста што го дава деловникот, вие велите дека ова значи разрешување, а претседателот на Собранието вели дека не е разрешување. Што значи ова, нема да бидете веќе претседателка, бидејќи ќе поднесете оставка?
„Вака велам, да пробаме со ВРЕДИ, дали се искрени во помошта Илире Даути да биде претседателка на Комисијата? Да, јас сум спремна. Но, Африм Гаши нека свика пленарна седница, да дојдат пратениците и да гласаат токму за укинување на заклучокот кој дента е усвоен и да гласаат за Илире Даути за претседателка на Комисијата, како слободна пратеничка, без влијание и без диктат и без поставени услови предвреме, во таа форма како што сум одлучила. И јас ќе продолжам да бидам претседателка на Комисијата. Таквите игри и планови за да ме стават мене во нивната мрежа, не поминуваат. Јас потценување не прифаќам„, рече Илире Даути претседателка на Комисијата.