Даути: Преку платформата „државјанство.мк“, ќе ја обелодениме подмолната политика на ДУИ

Илире Даути од партијата Алијанса за Албанците рече дека ако ДУИ, но и Движењето БЕСА се за предлог законот за државјанство, предложен од коалицијата АШ-ААА, треба да се дистанцираат од ставовите на премиерот против предлогот за таков закон, кој според неа е во корист на голем број граѓани кои се соочуваат со проблемот околу државјанството.
„Се поставува прашањето која влада учествува. Знам дека имаме влада, иако кревка и едвај функционира, сепак ја имаме и овие политички субјекти се дел од оваа влада, така што најмалку што можат да сторат е да се дистанцираат од премиерот. Од друга страна, за да ја разоткриеме политиката на ДУИ, нејзината подмолна политика што ја развива кон граѓаните воопшто, ја отворивме платформата „државјанство.мк“, каде над 1000 е бројот на пријавени граѓани. Структурите на нашата коалиција се исто така на терен за да ги идентификуваат случаите на лица без државјанство“, изјави Илире Даути, пратеник на АШ.