СПОРТФУДБАЛ

Давид Алаба и Арда Ѓулер им се вратија на тренинзите

Реал Мадрид, по репрезентативната пауза, ќе влезе во период на тешки натпревари. Добра вест за Карло Анчелоти е што Давид Алаба и Арда Ѓулер им се вратија на тренинзите. Австриецот најверојатно ќе биде подготвен за дербито со Севилја во сабота, додека лекарскиот тим не сака да брза со Ѓулер

Advertisements

Враќањето на Алаба е клучната вест за Анчелоти, бидејќи Едер Милитао ја заврши сезоната, а по Севилја, Реал ќе гостува кај најголемиот ривал Барселона. Освен споменатиот Милитао, надвор од терените е и Тибо Куртоа, кој исто така нема да игра до крајот на сезоната.

Реал Мадрид е лидер во табелата во Ла Лига со три бода повеќе од Барселона, на која ќе и гостува на 28 октомври, додека дуелот со Севилја е закажан за в сабота од 18:30 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button