
Шпанскиот голман Давид де Хеа кариерата може да ја продолжи во Саудиска Арабија каде постои сериозен интерес од тимот предводен од легендарниот Стивен Џерард, Ал Етифак. Преговорите се во тек и се одвиваат во добра насока, пренесуваат британските медиуми.
Де Хеа е слободен играч откако на крајот на претходната сезона Манчестер Јунајтед се одлучи да стави крај на една ера и да не го продолжи договорот со искусниот голман кој долго време беше незаменлив дел од тимот.
Покрај од Саудиска Арабија за услугите на 33-годишникот се заинтересирани и Атлетико Мадрид, Валенсија, Бетис и неколку тимови од Соединетите американски држави.