Давитковски: Судскиот процес за трагедијата во дискотеката во Кочани да се подели!
Давитковски: Судскиот процес за трагедијата во дискотеката во Кочани да се подели!

Судскиот процес за трагедијата во дискотеката во Кочани, во која досега осомничени се педесеттина лица, да се подели на неколку обвиненија, заради поголема ефикасност на истиот, предлага професорот од Правниот факултет во Скопје, Борче Давитковски. Два месеца по несреќата истрагата е се уште во тек, а државниот јавен обвинител Лупчо Коцевски, во интервју за Алсат, неодамна рече дека истрагата на Обвинителството се очекува да заврши до 17 јуни.
„Јас мислам дека ако не се подели судскиот процес , мислам со 50-60 обвинети тоа ми личи на змиско око. Јас мислам дека мора да се поделат обвинетите и во зависност кое делот го сториле така и да се одвива судењето со цел да биде ефикасно и брзо да се донесе решение, инаку тоа ќе се развлече .Педесет обвинети, еден адвокат да не дојде тоа ќе се одлага, и знаете наша судска пракса каква е. Сме имале стотици вакви големи случаи. Така да претпоставувам мора да ги поделат обвиненијата за одредени сегменти. Кој ќе одговара за давање лажни лиценци, кој ќе одговара за примање мито итн“, рече Борче Давитковски-професор на Правен факултет во Скопје.
Професорот Дејан Мицковиќ, вели дека случајот Кочани е тест за целиот правосуден систем во државата и очекува истиот да добие правна разрешница
„На почетокот очекувањата се дека се тоа може да се заврши преку ноќ, да се дојде до правдата, меѓутоа правдата е достижна но понекогаш и спора. Оценките за правосудниот систем се тие кои ги знаеме и ова е последна шанса правосудниот систем да испорача правда, која ќе биде правична, заснована на факти и докази, заснована на законските решенија во Македонија.Очекувањата на јавноста и нас стручната јавност се огромни“, додаде Борче Давитковски-професор на Правен факултет во Скопје.
„Во последните 3 децении во Македонија се случија бројни трагедии, но ретки се примерите, кога имаме политичка одговорност. Не само моралната и политичката туку и правна одговорност е во криза. Носењето на бирократски закони во интерес на одредени лоби групи, различното толкување на законите, неусогласеноста на судската пракса доведе до еден феномен наместо одговорност да имаме неодговорност“, нагласи -Ангел Ристов-професор на Правен факултет во Скопје.
Во трагедијата во Кочани, животот го загубија 62 лица, а околу 200 други беа повредени На теми од областа на правото и одговорнста на носителите на јавни функции во Охрид се дебатира на 11-та Oхридска школа на правото./Алсат.мк
Мики Трајковски