ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Давкова – Алијев, иницијатива за декларација за стратешко партнерство со Азербејџан

Северна Македонија и Азербејџан ќе ја унапредуваат соработката преку декларација за стратешко партнерстство и пријателство првенствено со фокус на енергетиката и економијата, а се иницира и укинување на визи за дипломатски и службени пасоши. Азербејџан е подготвен да го зголеми новото на дистрибуција на македонскиот пазар, беше истакано по денешната средба во Баку на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и нејзиниот домаќин Илхан Алијев.

Advertisements

– Претседателот веќе ја кажа заинтересираноста на ЕУ за стратешко партнерство. Да, Азербејџан не само што има интересна локација денеска на меѓународната геополитичка сцена туку станува и актуелен заради богатството со гас а сите ние во транзиицијата кон обновливите извори се разбира дека имаме потреба од помош.  Ќе го повторам она што му го кажав на претседателот, дека очекувам да направиме чекор да потпишеме декларација што ќе води кон воспоставување или потпишување договор за соработка. Тоа не значи само азербејџанска помош во поглед на гасот, туку ќе отвори простор и за економска соработка, рече Сиљановска Давкова,  која е во официјална посета на Азербејџан.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button