ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Давкова нема да предложи нов член на Судскиот совет, ќе го почека носењето на новиот закон

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска одговарајќи на новинарски прашања изјави дека се уште не предложила наследник за членот на Судскиот совет Милјазим Мустафа, чиј мандат истекува утре, бидејќи како што вели, ја критикувала работата на овој Судски совет, како и, посочи, лошиот закон за Судски совет, во којшто критериумите за избор се несоодветни. Вели дека ќе го почека донесувањето на новиот закон за судски совет во Собранието.

Advertisements

Потсети дека по Оценската мисија на ЕУ било заклучено дека една од најважните реформи во судството треба да биуде прво разговор со експерти по уставно, по казнено право.

-Сугерирано ми е, и мислам дека е тоа во ред, да го почекам донесувањето на законот, министерот тврди дека тоа ќе оди брзо, решенијата од новиот закон се многу построги, попрецизни, појасни… Работата на советот минус еден член, нема да го оневозможи одлучувањето, бидејќи знаете дека одлуките се носат со осум члена од петнаесетте. Кога мерам јас не би сакала во последниот воз или налет по стариот закон каде што не е јасно што е тоа истакнат правник, а да не говорам и за самата постапка, таа не е конкурентна, не е компетитивна, со еден кандидат е, има решенија кои што мислам дека е добро секој нов член на Судскиот совет да ги исполни за да влезе во Судскиот совет, потенцира Сиљановска Давкова.

Таа оцени дека има бројни измени во законот, коишто според неа се квалитетни.

Давкова рече дека денеска ќе го испрати писмото до претседателот на Собранието, со образложение дека ќе го почека новиот закон.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button