ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Давкова за изјавата на Кос: Не сакам да верувам дека идентитетот навистина може да се препознае низ ајварот, виното, пунџурот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова рече дека верува оти изјавата на еврокомесарката за проширување Марта Кос од пред два дена, со која таа го опиша идентитетот на земјава низ призма на македонската кујна, е случајна и несреќна. Таа ова го кажа во интервју за Канал 5, прашана дали смета дека изјавата на Кос е дадена во несреќен момент или, пак, е потврда оти европските бирократи не разбираат со кои проблеми се соочува земјава.

Advertisements

„Како некој кој докторирал во Словенија и ја чувствува како втора татковина, верувам дека изјавата е случајна или, еве како што велите, несреќна. Не сакам да верувам дека навистина идентитетот може да се препознае низ ајварот, виното, пунџурот и слично, а некои од нив веќе се преземени од Словенија, ние веќе немаме ајвар, имаме ајвер, што значи гледате како интересна категорија е идентитетот“, рече претседателката.

Говорејќи на темата, Сиљановска-Давкова рече дека идентитетот не се ајварот и пинџурот е јасно од основачките документи на Европската Унија, во кои се утврдени јасни параметри за тоа што е идентитет на една држава, а за кои, како што рече, комерарките и комесарите мора да бидат свесни и да ги знаат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button