ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДД со обвинувања до ДУИ за загадување со арсен во Липково

ДД со обвинувања до ДУИ за загадување со арсен во Липково

Од Демократското движење велат дека жителите во општина Липково, поточно селата Лојане и Ваксинце се на работ на еколошка катастрофа и за тоа ја обвинуваат ДУИ. Според албанската опозиција, изворите на вода за пиење, воздухот и почвата се полни со големи количини на арсен и други тешки метали кои се ослободуваат од локалниот рудник. Според Халил Ибрахими од Движењето, најпогодени се децата кои учат во локалното училиште кое е оддалечено на само 100 метри од депонијата на рудникот. (Изјава)

Advertisements

„Жителите на селата Лојане и Ваксинце се изложени на ризик од масовно загадување, со загрижувачки пораст на случаи на опасни болести и долгорочни последици. Најзагрозени се нашите деца бидејќи основното училиште „Рилиндја“ во Лојане е само на 100 метри од депонијата полна со арсен. Нашите деца растат под сенката на масовното загадување правејќи го секој момент потенцијален ризик за нивното здравје. Респираторните болести, ракот и алергиите се шират со брз интензитет, особено кај нашите невини деца, додека власта на ДУИ има само една работа, отворање казина!“, рече Халил Ибраими, Демократско движење.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button