ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Деаноски: Постои опасност Министерството за финансии да го затвори трезорот и ниту еден вработен во јавниот сектор да не добие плата

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски посочи дека доколку Уставниот суд донесе одлука со која работниците нема да можат да го добиваат надополнувањето на плата, работата на Бирото за јавни набавки ќе прекине, со што ниту една институција во државата нема да може да набави било што и да биде потребно за вршење на нивната работа.

Advertisements

Додаде дека постои опасност Министерството за финансии да го затвори трезорот и ниту еден вработен во јавниот сектор да не добие плата.

– Доколку Уставниот суд донесе одлука со која што нема да можат овие работници да го добиваат ова надополнување на плата ќе предизвика големо незадоволство што би значело дека Управата за имотно правни работи нема да ги работи експропријација на „Бехтел“ и „Енка“, Бирото за јавни набавки нема да работи, нема да има ниту една институција во државата да може да набавува било што ќе им биде потребно за нивната работа, а пак има опасност Министерството за финансии да го затвори трезорот и ниту еден вработен во јавниот сектор да не добие плата, посочи Деаноски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button