ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дебарчанец купил имот, но му го „земале“ починати лица!

Дебарчанец купил имот, но му го „земале“ починати лица!

Иако во 2000 година граѓанинот Суби Војка од Дебар на влезот на градот купил имот со површина од над 7.400 метри квадрати, тој до ден денес води битка со  институциите. Вели дека не може да докаже дека целиот имотот е негов. Голготата почнала во 2009-та година за кога тврди дека му биле одземени над 400 квадрати од парцелата.

Advertisements

„Во 2009 година од страна на Катастар ми се одземаат 436 метри квадратни обработливо земиште кое со години го работев и истата квадратура им се доделува и впишуваа на комшиите и тоа 217 м2 на едниот, 139 на вториот и 95 м2 на третиот“, рече Суби Војка-жител на Дебар.

По долги перипетии Војка успеал да поврати поголем дел од имотот откако обезбедил документи со кои докажал дека тој е во право. Но, вели дека дел од она што останало им било препишано на веќе починати лица.

„Од 81 м2 со документ моментално во Катастар е впишан кај другата страна, при семејна поделба и приватизација, истата од страна на Катастар се доделува на умрени лица, починати за време на короната. Тоа се заверува од страна на нотар, кој е зет на другата страна, кој како основа за упис и заверка на документите користи валидна лична карта од починати лица…“, додаде тој.

Поради ова Војка вели дека сега не може да си го врати преостанатиот дел од имотот. Се жалел до Министерството за транспорт и врски, Финансиската полиција, Катастарот во Скопје и Дебар, Јавниот обвинител, полицијата. Сите му рекле дека не се надлежни за да му го решат случајот./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button