ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дебарското езеро изгуби 90% од рибниот фонд, еве зошто

Дебарското езеро изгуби 90% од рибниот фонд, еве зошто

Скоро две години Дебарското езеро е без концесионер, како за стопански така и за спортски риболов. Со него во моментот никој не стопанисува, па риболовците се загрижени за состојбата во која се наоѓа. Велат риба има сè помалку, а хараат рибокрадци. Велат дека количеството на риба е намалено за алармантни 90%.

Advertisements

„Најмногу е уништена дебарската пастрмка. Се фаќа со мрежи. Таа е најдобра и најчиста риба во езерото  и цената ѝ е многу повисока од другите. Дваесет евра е килограм. Потоа крапот, кленот и други помали риби. Риба во езерото нема, намален е фондот. Пастрмка со трска ние рибарите не можеме да фаќаме“, рече Дритан Поцку-рибар.

Од спортско риболовниот клуб Трофта велат дека сакаат да стопанисуваат со езерото. Министерството за земјоделство на 20 јануари распишало оглас за издавање на езерото под концесија за спортско-рекреативен риболов.

„..Веруваме дека ќе го добиеме овој тендер бидејќи ќе може да располагаме со Дебарско езеро, ќе почнеме да го порибуваме, да го чуваме од крадење на риба и некако да се развие рибниот фонд со цел да направиме еден вид на риболовен туризам. Да доаѓаат луѓе, да ловат риба, да даваме дозволи“, додаде Белтоја Халити-претседател на риболовно друштво Трофта-Дебар.

Во Дебарското езеро многу повеќе риба имало пред 10-15 години. Во изминатата деценија имаше случаи на многу фатени рибокрадци и одземени голем број рибарски мрежи./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button