МАКЕДОНИЈА

Дебата – Потребите на младите треба да се приоритет за секој влада

Политиките за млади треба да бидат приоритет, додека Законот за младинско учество и младински политики треба постојано да се ажурира. Ова беа дел од заклучоците од првата јавна дебата за новиот состав на Собранискиот клуб за младински прашања и политики. Заменик министерот за социјална политика Ѓоко Велковски, оцени дека нефункционирањето на системот принуди голем број млади луѓе да ја напуштат државата.

Advertisements

Пратениците велат дека се потребни итни промени за да се спречи одливот на мозоци од земјата. Меѓу другото, и модернизација на образованието и вработувањето на младите.

„Фокусот треба да биде насочен кон вработување на младите за кои мораме да најдеме долгорочно решение, системско решение, бариери во образованието и стручна обука“, вели Рина Ајдар, пратеничка.

Бројни невладини организации сметаат дека ситуацијата создадена во земјата кога станува збор за младите е резултат на партизираноста на речиси секоја младинска активност. Во меѓувреме, тие бараат казни за непочитување на законот за младинско учество и младински политики.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button