Дебата Трамп – Бајден: Загреана реторика и лични напади од почеток до крај

Кандидатот на демократите за претседател на САД, Џо Бајден и претседателот Доналд Трамп излегоа на нивната прва телевизиска дебата, хаотично 90-минутно вербално претставување, истакнувајќи ги различните стилови на двајцата претседателски кандидати.
Во дебатата која опфати низа прашања меѓу кои пандемијата на коронавирусот, номинирањето нов судија на Врховниот суд, расните односи Трамп изврши агресивен напад врз Бајден, а поранешниот потпретседател одговори со остри удари. Двајцата често разговараа еден со друг, при што Бајден го нарекуваше Трамп за лажливец, кловн, „кутре на Путин“ за во еден момент да извика: „Што не заќутиш, човече?“.
Соочувањето се одигра во аудиториум на универзитет во Кливленд, Охајо, каде што присуствуваа околу 100 луѓе.Трамп, од своја страна, рече дека „радикалната левица“ го врти Бајден „околу прстот“ и му забележа на Бајден во врска со неговото инсистирање на носење маска за спречување на ковид-19, како што советуваа медицинските експерти. Трамп исто така изјави дека неговиот син Хантер несоодветно имал корист од врските на татко му во Украина.