ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дебата, за корупцијата во спортот

Корупцијата и непотизмот во спортот се на високо ниво. Универзитетскиот професор Иван Анастасовски рече дека од спроведените анкети околу 80 отсто од граѓаните се убедени дека има корупција во спортот.

Спортскиот новинар, Игор Трпевски рече дека за корупција во спортот се користат и 10-те милиони евра што Владата им ги доделува на спортските субјекти.

Од Агенцијата за млади и спорт велат дека тие се оневозможени да се борат со корупцијата во спортските субјекти бидејќи Министерството за финансии не им овозможува да ангажираат инспектори.

Поранешниот фудбалер Артим Шаќири вели дека во спортот одлуките мора да се носат според заслуга.

“Избор на кадар според мериократија и професионалност, инфраструктурни услови за тренинзите и натпреварите што ги играат, навремени плаќања на тренерите и др“, изјави Артим Шаќири, поранешен фудбалер

Панелистите во дебатата порачаа дека и обвинителите во земјава треба да бидат поефикасни во борбата против корупцијата и непотизмот во спортот. /Алсат.мк

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button