ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Дебата за ребалансот – дали Владата ги скрати непродуктивните трошоци?

Втор ден пратениците распрaваат на пленарна седница по предлог ребалансот на буџетот. Опозициските партии обвинуваат дека ребаланост е одлика на лошто менаџирање од страна на власта. Нема капитални инвестиции, ниту зголемeни плати за администрацијата. Од друга страна наместо најaвеното намалување на непродуктивните трошоци тие се зголемуваат и затоа меѓународните фондови не сакаат повторно да и дадат заем на земјава.

Advertisements

„Немаме намалување на непродуктивните трошења туку имаме пораст, треба да се нагласи за жалење е договорните услусги се зголемeни за 39 милијарди денари што значи дека имаме 73 проценти тековни расходи и во оваа ставка има злоупотреби. Овде има договори во четири очи, тука има простор за услуги каде што имаме случај на двајца државни секретари преку коруптивни договори да ги злоупотребат средствата“, рече Аднан Незири, пратеник на Алијaнса на Aлбанците.

„ММФ забележува дека има премногу договори во четири очи меѓу институции и бизнисмени блиски до власта, и второ дека има зголемување на ставки за нови договори на дело, непродуктивни вработувања кои што го оптоваруваат буџетот и стопанството а ММФ нема намера да спонзорира такви ставки каде што има такви ставки на недомаќинско работење“, рече Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО – ДПМНЕ.
Пратениците на власта велат дека со ребаланост се обезбедува помош за граѓаните на кои им е напотребна а непродуктивните трошења се скратени на минимум.

„Во време на глобална економска криза се грижиме за подобриот стандард и условите за живот на граѓаните. Со овој ребаланс имаме обезбедено 4,7 милијарди денари за нови таргетирани мерки за оние кои што им е најпотребно. Имаме и рационално користење на средствата на буџетот иштедење онаму каде што има можност, затоа ги намалуваме средствата за ситен инвертар за 171 милиони денари, средствата за купување на нови возила за 107 милиони денари“, рече Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.

Расправата по предлог ребалансот на буџетот на пленарна може да трае уште три дена. Владата најави дека по неговото усвојување веднаш ќе бидат донесени таргетираните антикризните мерки за помош на граѓаните и стопанството.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button