ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Деблокадата на Илинденска не ги смири партиските препукувања за состојбата во Скопје

Деблокадата на булеварот „Илинден“ и одлуката на приватните автобуски превозници да ги тргнат автобусите од улицата, сепак, и натаму не ги стивнува меѓусебните обвинувања од власта и опозицијата за состојбата во главниот град.

Advertisements

Од една страна, од СДСМ во партиското соопштение велат дека сообраќајници во Скопје им се вратени на граѓаните благодарение на премиерот Димитар Ковачевски, а оти скопјани, како што додаваат, не заслужуваат преку нив да се наплаќа неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, нејзиниот лидер Христијан Мицкоски и градоначалничката Данела Арсовска.

„Во наредниот период сите засегнати страни, од Градот Скопје и превозниците треба да седнат и да разговараат за изнаоѓање на решение. Преку дијалог, без закани и не врз грбот на граѓаните. Скопјани плаќаа превисока цена со блокадите, само поради кавгите на Мицкоски и Арсовска. Се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ е неспособна и деструктивна партија која не може ниту најнормален дијалог да воспостави, а не пак да понуди некакво решение“, се вели во партиското соопштение на СДСМ.

Од партијата велат оти ВМРО-ДПМНЕ создава проблеми не само во Скопје туку во сите општини во државата каде што има градоначалници.

Од друга страна, пак, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ главниот град го нарекоа жртва на коалициските договори помеѓу премиерот и скопската градоначалничка и побараа Ковачевски да побара нејзина оставка.

„Данела Арсовска, која заради коалиција со СДСМ го постави Александар Стојковски за директор на ЈСП, заедно со Стојковски е креатор на проблемот со сообраќајниот хаос. Стојковски го потпиша договорот од 27 милиони евра за набавка на гориво, без рабат, со што претпријатието е оштетено за над 1,5 милиони евра. Тоа се исто толку пари колку што ЈСП им должи на приватните превозници. Претходно Арсовска остави стотина луѓе без работа. А додека таа управува со самоволие градот не може да ги извршува ниту основните функции“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button