МАКЕДОНИЈА

Дебранка фрлила запалена плинска боца од балкон и опожарила два автомобила

Дебранка фрлила запалена плинска боца од балкон и опожарила два автомобила

Жителка на Дебар откако со плинска боца предизвикала пожар на балконот, истата ја фрлила преку балкон по што биле опожарени два автомобила.

Advertisements

“Вчера во 11:20 часот во Одделението за внатрешни работи во Дебар пријавено е дека Б.Б.(70) од Дебар, поради невнимателно ракување со плинска боца, предизвикала пожар на балконот од станот лоциран на улица во градот „8 септември“ а потоа, боцата ја исфрлила на паркинг простор пред зградата”, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Притоа, биле опожарени патнички возила „Опел Корса“ и „Мерцедес“. Интервенирала Територијалната противпожарна единица, а увид на местото извршиле полициски екипи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button