
Граѓаните на Скопје, кои со часови немаа вода за пиење поради санирање на дефектот во Карпош, најдоа различни начини да се справат со ситуацијата. Многу од нив рекоа дека биле снабдени со доволно вода, дури и за неколку дена.
„Наполнивме вода, имаме доволно за еден ден. Не е тешко за еден ден, ќе поминеме“, рече еден граѓанин.
„ Како се организиравте? Со шишиња, купивме“, додаде друг граѓанин.
„Ние сме од постарите генерации и нема проблем, некогаш немаше.Ги наполнивме бурињата и така. Не купивме ништо, сме полнеле. Не е тешко, како што можевме порано немаше вода никаде, немаше чешми, полневме вода“, рече еден граѓанин.
Додека граѓаните ги броеја часовите за враќање на водата до нивните чешми, Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ соопшти дека санирањето на дефектот е завршено пред предвидениот рок од 15 часа.
Покрај граѓаните со недостиг на вода, се соочија и болниците каде поради создадената ситуација се изведуваа само итни хируршки интервенции./Алсат.мк
Мелихате Рустеми