ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дефицит на наставници по природни науки

Несоодветните образовни реформи, задоцнетите и несоодветни стратегии на Министерството за образование се главните причини за недостатокот на наставен кадар, особено во природно- математичките науки. Како што вели Рухи Џила, кој 34 години предава математика, тие се игнорирани за да дадат мислења или критики при носењето одлуки поврзани со математиката. Според Џила, само во регионот на Струга се очекува во пензија да одат над 20 наставници по природно- математички науки и за нив нема замена.

Advertisements

„Ова е почеток на крајот за овие кадри. Тоа е елементарна непогода за која, велам, се уште се буди од сон целиот тим кој мисли дека реализира, подготвува нови програми кои се во тек.Тоа е голема несреќа, нема начин да се направи пресврт, да се вратиме на патеките што сме биле, таму каде што математиката има свое место. Сега се поставува прашањето кој ќе не замени нас, дали имаме наставници? Знаеме дека сега ги немаме, и одиме во амбис за кој нема враќање назад“, рече Рухи Џила, наставник по математика.

Недостатокот на кадар веќе е евидентен и во општествените науки. Наставникот по историја, Фадил Ебипи смета дека помладите генерации ја напуштаат оваа професија поради ниските плати во образованието.

„За плата што ја добиваме ние наставниците, тие сметаат дека е подобро да одат во странство, и тоа се случува во моментот. Има некои студенти кои завршиле, но од она што го слушнав тие не сакаат да работат како наставници, причина е платата“, вели Фадил Ебипи, наставник по историја.

Математика, физика, хемија, биологијата, историја и географија се предмети кои се соочуваат со недостаток на кадар во основните и средните училишта. Во некои училишта, минатата учебна година учениците беа оставени без настава неколку недели, бидејќи училиштата не можеа да обезбедат замена.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button