
Деклан Рајс не постигна гол, но целосно доминираше на средината на теренот, не дозволувајќи им на „кралевите“ да го наметнат ритамот што го посакуваат и да ја преселат играта пред голот на Давид Раја.Тој се осврна и на спорниот момент од првото полувреме и пеналот врз Мбапе што најпрвин беше досуден, а потоа и поништен по интервенцијата од ВАР собата.
„Знаев дека не е пенал, дека одлуката ќе биде сменета. Да не ме разберете погрешно, мојата рака е на него, но тоа е нормално кога си во шеснаесетникот, мора да постои контакт. Немаше влечење, Мбапе самиот падна. Јас сум чесен човек, веднаш ќе признаев ако го повлечев бидејќи тоа ќе беше чист пенал. Знаев дека не е, затоа и цело време повторував, убеден дека судиите од ВАР собата ќе ја променат првичната одлука“, истакна Деклан Рајс.