Дел од автопатот Охрид -Кичево ќе биде пуштен во јули
Дел од автопатот Охрид -Кичево ќе биде пуштен во јули

Локалните жители и туристите се уште возат по небезбеден пат до Охрид и Струга. Автопатот Кичево-Охрид кој цели 11 години се гради,според туристичките работници одврати илјадници туристи да одмараат покрај Охридското Езеро. Туристичките работници бараат итно завршување на оваа делница, додека како што велат не биде премнигу доцна.
„Генерално инфраструктурата и патот од Кичево до Охрид не се задоволни од тој аспект.Инфраструктурните проблеми се веќе јасни, бидејки тоа ни го намалува и бројот на туристи,бидејки полесно им е да отидат на луѓето во Грција или Албанија по автопатите отколку да доаѓаат до Охрид“, рече Муза Рашид-сопственик на хотел во Охрид .
„За да дојдете до Струга и Охрид патот кој што се прави 10 години мислам дека е основен проблем и тотално промашена работа овие години, не само од аспект на туризам, туку и од аспект на се што се случува во регионот„, рече Ана Јанчева-менаџер на хотел во Струга.
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски ветува дека дел од автопатот ќе биде пуштен до почетокот на јули, со мало пролонгирање од првично ветеното.
„Во градежништвото многу зависи од временските услови. Гледате дека оваа година е полошо време, какво што би требало да биде за овој период од годината, но не очекувам тоа да значи одлагање повеќе од 5 до 10 дена. Така да крајот на јуни, најдоцна почетотокот на јули ќе го отвориме потегот од Врбјани до Охрид со еден прекин кај Ботун. Останувате на ставот до крај на 2026 година целосно завршување на автопатот? До крај на следната година ќе го завршиме Охрид-Кичево. Можно е тоа? Можно е, ќе го завршиме“, рече Александар Николоски-министер за транспорт и врски.
Патот почна да се гради 2014 година, со неколку одлагање на роковите за негово пуштање во употреба. Во меѓувреме стотици човечки животи со себе однесе оваа патна делница, а нема ден да не се случи сообраќајна несреќа. Неговата изградба досега чини 600 милиони евра./Алсат.мк
Мики Трајковски