
Поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од 100 милиметри на крстосницата меѓу улиците „Благоја Гојан“ и „Св. Наум Охридски“ и поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од 80 на 150 милиметри на крстосницата на улиците „Кавалска“ и „Св. Наум Охридски“ утре од 8:30 часот прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од трите улици во Општина Кисела Вода.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје не завршат со интервенцијата.