ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Дел од мерките од петтиот пакет економска помош за фирмите и граѓаните засега се далеку од реализација

Владата се уште нема доставено ниту еден предлог закон до Собранието за да може да почне реализацијата на петтиот сет економски мерки, велат до законодавниот дом. Иако беше најавено дека дел од 29 – те мерки од овој сет ќе бидат донесени со уредби и одлуки, голем дел треба да се донесат со закони кои најпрво треба да ја поминат собраниската процедура и да добијат зелено светло од пратениците. Од кабинетот на вицепремиерот Фатмир Битиќи не одговорија кои од мерките ќе треба да бидат преточени во закони, за да стапат во сила, но и зошто досега не се испратени до законодавниот дом. Од друга страна, стопанските комори реагираат на побрза реализација на мерките, за да не се случи истото сценарио како од претходниот пакет, кога комапниите имаа едвај два дена да аплицираат за дел од мерките.

„Многу компании не можат да ја извршуваат дејноста зошто се затворени со владина одлука и тие продолжуваат да трпат штети. Секое задоцнување со мерки ќе им ја отежни работата и борбата за опстанок и за таквите компании исплатата на плати ретроактивно нема да им биде од помош. Имаме забелешка кај петтиот сет мерки кај буџетот, сметаме дека е многу низок за разлика од претходниот пакет.“

Коморите реагираат и на процедурите кои и натаму Владата не ги поедноставува за да може полесно компаниите да користат помош од државата.

„Процедурите за имплементација на економските мерки за подршка на стопанството содржани во петтиот сет мерки е непходно да се едноставни и да не претставуваат дополнителен оптоварување на правните субјекти со што потенцијално нарушување на така кревката ликвидност на деловните субјекти да одрази на доплнителна загуба на работни места.“

Последниот сет содржи 29 – мерки, а со нивната реализација, Владата се надева дека економијата ќе почне да заздравува. За овој пакет предвидени се 160 милиони евра, но засега на располагање Владата има само 50 милиони евра буџетски средства. Остатокот доколку е потребен ќе се обезбеди со ребаланс на буџетот.

Andrea Cobanova

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button