ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дел од мерните станици за загаденоста на воздухот не се функционални

Проблемот со мерните станици за загадување на воздухот се уште не е надминат. Во периодот кога нивото на загаденост е постојано во пораст, некои од мерните станици не даваат податоци за квалитетот на воздухот. Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова вели дека вината е во застарената опрема.

Advertisements

И покрај ваквите тврдења на Шукова, ситуацијата е поинаква, мерната станица кај Ректоратот со месеци не дава податоци. Алсат и во текот на минатиот месец ја следеше веб-страницата на Министерството за животна средина и мерните станици или не покажуваат резултати или воопшто немаат податоци.

Горјан Јовановски, креаторот на апликацијата Air Care, вели дека покрај старата технологија, државните мерни станици и веб-страницата не се добро одржувани.

Експертите од Институтот за јавно здравје најавија дека врз основа на податоците од анализата, загадениот воздух предизвикува од 17 до 19 проценти од смртните случаи во населените места каде што воздухот е позагаден. Изложеноста на загаден воздух во подолг временски период ги погодува речиси сите возрасти, но децата се најмногу изложени на ризик.

Ајнур Бафќари

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button