ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дел од наставниците подржуваат почеток на учебната година на средината на септември

Дел од наставниците подржуваат почеток на учебната година на средината на септември

Дел од наставниците од основното образование даваат зелено светло на предлогот на Министерството за образование за измени во спроведувањето на учебната година за распустот, почетокот и крајот на годината. И покрај тоа што МОН сè уште нема конкретна одлука, наставничката Ќефсере Исени рече дека високите температури и во текот на септември го отежнуваат спроведувањето на наставниот процес.

Advertisements

„Последниве две-три години, кога почнуваме во септември времето беше многу топло, ги држевме вратите од училницата отворени. Мислам дека ако се одложи до 15 или термин кој го одреди министерството, да почне кога малку ќе паднат температурите, ќе биде малку посвежо за учениците. Според климатските промени, доколку вака продолжи и во наредните години, тогаш оваа промена ќе биде добредојдена“, изјави Ќефсере Исени, учителка.

Наставникот Фадил Ебипи рече дека уморот кај учениците најногу се забележува во април .

„Покажуваат замор во април кога температурите растат и повеќе се оптеретени со контролни задачи или како што ги нарекуваме тестови и вреди да има краток одмор. Сигурно би било добро и би добиле енергија да продолжат со нови сили“, рече Фадил Ебипи, учител.

Новата учебна 2023-24 година може да започне на 11 септември и да заврши на крајот на јуни. Сепак, може да остане вообичаениот датум 1 септември, но во текот на учебната година да има и краток пролетен распуст. Ова се предлозите на Министерството за образование кои треба да бидат разгледани на владина седница за да се донесе конкретна одлука. Според министерот Јетон Шаќири, овие измени се прават со цел да се зголеми продуктивноста на учениците и наставниците. Без разлика на одлуката што ќе се донесе, Министерството за образование соопшти дека од суштинско значење е наставниот процес да заврши за 180 работни дена, како што предвидува наставниот календар за основните и средните училишта. Во овој случај се исклучени матурантите кои според наставниот календар треба да завршат 166 дена од наставниот процес.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button