
Лебот, главниот производ на трпезата на секое семејство, постои опасност да не се произведува од утре. Заканата на пекарите да прекинат со работата и да не произведуваат леб, доаѓа по најавите за замрзнување на цената на лебот на 33 денари за 450 гр. Пекарите велат дека имаат високи трошоци.
„Не можеме да продолжиме, треба сите да го бојкотираме ова затоа што ако се замрзнат цените не можеме да ги отвориме продавниците. Со цените што само одат нагоре, не сме виновни ние ниту добавувачите, но никој не не разбира“, вели еден пекар.
Некои пекари велат дека ќе ги затворат дуќаните, а други велат дека ќе продолжат да работат.
Мераклиите на лебот и другите производи од тесто велат дека воопшто не се плашат од предупредувањето на пекарската комора да ги затворат фурните во случај да се замрзне цената на лебот. Велат дека ќе се вратат на традиционалниот начин на готвење дома, бидејќи цените се високи во однос на животниот стандард.
Граѓаните се жалат дека плаќаат премногу за количината и квалитетот на лебот што го добиваат.
„Мислам дека двете страни не треба да останат на своите крајни ставови, треба да седнат да разговараат и да најдат решение бидејќи тие што најмногу ќе настрадаат се граѓаните, односно џебот на народот…“
„Да, лебот поскапе многу, а ние сме 6 члена. Дневно купуваме по 3-4 леба, уште повеќе кога имаме гости. Тоа е многу скапо, зошто во другите земји, како во Косово, беа високи, но сега цените се намалија, а кај нас во Македонија се намалија малку, но пак е скапо“, реагираат граѓаните.
Пекарската комора даде ултиматум, дека ќе ги остави граѓаните без леб во пекарите бидејќи не сакаат да се откажат од својот профит. Тие велат дека социјалните мерки на државата не треба да се прават на нивна сметка, но парадоксот е во тоа што тие нема да ги произведуваат ниту другите производи за кои нема да има замрзнување на цените. Колку ќе ја имаат целосната поддршка од пекарите низ земјава, останува да видиме од утре. Потсетуваме дека производителите на прехранбени производи добиваат субвенционирана струја која за три месеци ги чини даночните обврзници околу 3 милиони евра.
Аднан Ќаили