Дел од родителите продолжуваат да се противат на новиот концепт на образование

Граѓанската иницијатива „Книги и лекции мора да има“ продолжува силно да се противи на реформите во основното образование, кои од септември ќе почнат да се спроведуваат за прво и четврто одделение. Според Драгана Спасевска од оваа иницијатива, неприфатливо е децата на оваа возраст да учат лекции со родово чувствителна содржина и родова еднаквост.
Од наведената иницијатива, побараа повторна работна средба со министерката за образование со цел повлекување на реформите. Исто така, побараа и класични книги за учениците од четврто одделение, кои според новиот концепт се очекува да ја започнат наставата со дигитални книги.
Покрај тоа, Спасевска не ја исклучува можноста за бојкот на наставата и продолжување на протестите од септември доколку ниту едно од барањата не се разгледа од страна на Министерството за образование. Движењето за поддршка на онлајн наставата наведува дека оваа учебна година по секоја цена треба да се одржува преку онлајна наставата поради големиот број на заразени со ковид 19. Тие бараат родителите кои сакаат нивните деца да посетуваат онлајн настава, да имаат можност да достават само едно писмо до училиштето, без бирократски процедури. Не треба да има медицинска или немедицинска причина, туку само желба од родителот.
Melihate Rustemi