ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дел од семејствата на погодените од трагедијата во Кочани ја добија ветената парична помош

По секоја несреќа, често се случува да се злоупотребуваат податоците на повредените или семејствата на жртвите за да се собира помош во нивно име. По трагедијата во Кочани, на социјалните мрежи почнаа да се споделуваат фотографии на семејства со натписи: „Ова семејство продава имоти за да ги лекува своите блиски“, или, како што беше објавата на случајот што го контактиравме, каде што се вели: „Ова е таткото на еден повреден млад човек кој се лекува во Анкара. Се молат сите да донираат за да не дозволат овој татко да продава имот“. Контактиравме со Антонио Тасевски од Кочани, чиј син беше повреден во трагедијата на 16 март, и го прашавме дали навистина продава имоти за лекувањето на својот син.

Advertisements

За здравствената состојба на неговиот син, Тасевски рече дека е стабилна, додека појасни дека веќе добил парична помош од Црвениот крст.

Кога се донира помош за семејствата на погодените најдобар начин е тоа да се направи преку официјални канали. До сега, за трагедијата во Кочани, во Црвениот крст се собрани над 60 милиони денари, а дел од нив веќе се префрлени  на семејствата на погодените.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button