Дел од средношколците во земјава веќе се стекнаа со обука како да реагираат во случај на пожар или земјотрес
Дел од средношколците во земјава веќе се стекнаа со обука како да реагираат во случај на пожар или земјотрес

Дел од средношколците во земјава веќе се стекнаа со обука како да реагираат во случај на
пожар или земјотрес и како да постапат доколку некој е повреден или остане внатре во
објектот. Ваква обука имаа и учениците од гимназијата „Цветан Димов“ во Скопје по
симулацијата на земјотрес и пожар во овој објект, а подоцна имаа и предавањата од
претставници на Црвениот крст.
„Во моменти на пожар треба да земеме шал или крпа, што и да имаме блиску и да го
намокриме со вода и да го ставиме на лицето, носот и устата за да го заштитиме
дишењето. Треба да се обидеме да побегнеме, да излеземе од најблискиот излез на улица,
и доколку имаме можност да помогнеме некому, да го направиме тоа“, рече една ученичка.
„Во симулацијата на земјотресот не научија дека треба да бидеме под клупа и да останеме
таму додека не заврши евакуацијата и да си го заштитиме лицето со рака бидејќи како што
знаете во случај на земјотрес има многу прашина и работи кои можат да ни наштетат“, додаде друга.
Некои од наставниците предлагаат измени во наставната програма. Препорачуваат
посебни наставни часови за пружање прва помош во итни случаи.
„Кога почна теоретското образование, учениците не беа толку заинтересирани, но кога
почна симулацијата во пракса, тогаш беа повеќе заинтересирани и пројавија интерес да
имаат повеќе предавања за да добијат малку повеќе информации за природните
катастрофи. Од моја лична страна сакав да се смени, да се воведе прва помош во
наставната програма, да се подготват сите ученици, не само групата на Црвен крст, како
што ја имаме. Во програмата ќе има еден час прва помош, ќе биде многу успешна за
учениците и многу корисна“, рече Ајтен Ајдини Кадриу, СУГС „Цветан Димов“.
Објектот на гимназијата „Цветан Димов“ има и надворешни скали за итни случаи, додека
внатре во објектот е сместена целата противпожарна опрема и табли на кои е прикажан
планот за управување со вонредни состојби. По трагедијата во Кочани, на површина
излегоа многу неправилности и недостатоци во многу институции кога станува збор за
безбедноста и функционирањето на надлежните институции./Алсат.мк
Мелихате Рустеми