ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дел од учениците ќе го завршат полугодието без учебници

Дел од учениците ќе го завршат полугодието без учебници

Следната недела во сите основни училишта во земјава започнува поделбата на учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение кои се дел од новиот образовен концепт кој предвидува образовен процес со дигитални книги паралелно со печатените. Од Министерството за образование за Алсат велат дека веќе се одобрени 25 учебници, а уште 9 се во процедура.

Advertisements

„Не се одобруваат сите учебници за секој предмет. Ова се должи на процедурите за одобрување каде не секогаш квалитативните ракописи доаѓаат од авторите. Некои од нив се отфрлаат поради суштински, дидактички пропусти итн. Досега се одобрени 25 учебници за основно образование, почнувајќи од 1 март 2022 година со започнување на новата национална комисија за учебници за 1, 2, 4 и 5 одделение. Во процедура се девет учебници, а со ова сите текстовите ќе бидат одобрени“, велат од Министерство за образование и наука.

Професорот Авзи Мустафа коментира дека доцнењето на учебниците значително се одразува врз квалитетот на образованието. Тој додава дека честите реформи во образованието и немањето дидактички средства се штетни за учениците и нивниот правилен развој.

„Сега кога повторно сме фокусирани на подигање на квалитетот на образованието, гледам дека се жртвуваат учениците и се пролонгира објавувањето на текстови, што е еден од основните услови за постигнување успех во образовниот процес и наставата, структура на учебници кои вклучуваат неколку предмети во една книга. Не може да се очекува учениците да стекнат знаење затоа што недостасува структурата на книгата. Учениците треба да имаат контролни задачи, домашни задачи, развојни задачи за да се зголеми креативноста. Но, тука тоа го нема затоа што што во еден текст сите тие предмети, пет предмети воопшто не можат да бидат успешни“, рече Авзи Мустафа, професор.

Оваа учебна година основците кои се дел од новиот наставен концепт ја започнаа учебната година без книги. Наместо тоа, добија привремени наставни материјали./Аlsat.mk

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button