ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дел од училиштата без интернет и на стартот на второто полугодие

Основците и средношколците ги прават последните подготовки за почеток на второто полугодие. Заедно со продолжениот зимски распуст, нивната игра е при крај. Алсат беше во селото Цветово во општина Студеничани каде децата освен што играа мислеа и за училишните обврски.

Advertisements

Сепак, децата и во втората половина од учебната година ќе се соочат со стари проблеми. Меѓу другото, немањето интернет и други услови за имплементација на новиот наставен концепт.

Дури и Советот на родители се жали на бројни недостатоци.

Директорот на училиштето Ќенан Имери рече дека блок дотациите на Секторот за образование не покриваат ниту половина од трошоците за одржување на централното училиште заедно со подрачните.

„Пред 10 дена бев во Министерството за образование бидејќи блок дотациите не се доволни, особено за подрачните училишта. Мал е бројот на ученици, паралелките се комбинирани а според министерството по нивни одлуки издаваат средства според бројот на ученици и за тоа имаме финансиски проблеми. Попроблематични се подрачните училишта Малчишта, Елове и Црни Врв бидејќи се многу далеку од градот“, изјави Ќенан Имери, директор на училиштето „Алија Авдовиќ“ с. Батинци.

Во централното училиште „Алија Авдовиќ“ во село Батинци и уште 6 приградски училишта учат 1606 ученици од прво до деветто одделение. Во некои од нив наставата се одвива во комбинирани паралелки.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button