ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дел од училиштата се реновираат за време на летниот распуст

Многу основни училишта го користат летниот распуст за да ги реновираат своите објекти. Во основното училиште „Лирија“ во Скопје градежните работници привршуваа одреден дел од работите за да продолжат со останатиот дел од објектот. Директорката Теута Идризи за Алсат изјави дека се очекува сите градежни активности да завршат до крајот на август кога ќе се направат последните подготовки за почетокот на новата учебна година.

Advertisements

„Во моментов ги уредуваме просторите за гардероба, за машки и женски. Се трудиме да ги завршиме работите што не би можеле да ги завршиме кога имаме ученици. Покрај уредувањето на просториите за гардероба, ние во училишните простории се потрудивме да излеземе во пресрет на сите тие инфраструктурни и други потреби за да бидеме подготвени за 1 септември“, рече Идризи.

Градежни активности се изведуваат и во ОУ „Васил Главинов“ на Општина Чаир. Покрај бојадисувањето на фасадата, има и градежни работи во внатрешноста на зградата каде што моментално се реконструираат тоалетите на училиштето, како и одредени училници.

Според училишното раководство, градежните работи се изведуваат преку веќе одобрени проекти од Министерството за образование, донации од родители и приватни компании, како и со помош на општините. Официјално, 1 септември останува датумот за почеток на новата учебна 2023-2024 година, но со мали промени. Како што одлучи Владата, новина е пролетниот распуст од 29 април до 6 мај и крајот на учебната година на 17 јуни 2024 година. Според Министерството за образование, овие измени се направени со цел да се зголеми продуктивноста на учениците и наставниците.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button