ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Дел од вработените во ЕСМ на принуден одмор

Во ек на енергетска криза, државната енергетска компанија ЕСМ воведува мерки на штедење – реши да ги намали како што велат непродуктивните трошоци кои ги правеле досега. А, кратење ќе има и во материјалите потребни за производството на струја, но и во работниот кадар. Оние вработени за кои ќе се одлучи дека во време на енергетска криза се непотреби ќе бидат испратени на принуден одмор и ќе добиваат 70 отсто од висината на платата. Од ЕСМ додаваат дека во овој период службените возила на државната компанија ќе се користат рационално.

Advertisements

„Мерките се насочени во правец на намалување на непродуктивните трошоци. Во тек е постапка на утврдување на работни места кои не се неопходни за производството на електрична енергија. Употребата на патнички возила е целосно и строго рационализирана“, соопштија од ЕСМ.

Во време кога државите од регионот воведуваат рестрикции во трошењето на електричната енергија, во Македонија властите решија дека нема потреба од посебно штедење на струјата. Светат сите канделабри и останати улични светла низ земјава. Владината зграда како пример за останатите е осветлена од сите страни. Но, затоа пак, Владата реши енергетската криза наместо до јануари да ја продолжи до средината на идната година.

Според одлуката на надлежните рестрикции на електрична енергија нема да се случат, а компаниите од енергетскиот сектор во тој период ќе може да добиваат без проблем пари од државната каса за справување со предизвиците од кризата, како набавка и производство на струја. Досега според изјавите на министерот за финансии Фатмир Бесими ЕСМ во текот на оваа криза ќе добие речиси 100 милиони евра.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button