ВЕСТИРЕГИОН

Делови од БиХ сѐ уште отсечени од светот

Делови од Босна и Херцеговина сѐ уште се отсечени од светот и без струја поради снежните наноси, а голем број патишта во таа земја се уште се непроодни за целокупниот сообраќај, известија службите задолжени за итни интервенции.

Advertisements

Најтешка е состојбата во северозападните и северните делови од земјава, а особено се погодени општините како Дрвар, Кнежево, Лопар и Угљевиќ.

„Селата се опколени и блокирани“, изјави градоначалникот на Кнежево, Горан Боројевиќ за локалните медиуми, предупредувајќи дека верува дека има ранливи жители со кои нема комуникација.

Според податоците на РХМЗ РС во Кнежево висината на снегот е 110 сантиметри, но мештаните велат дека наносите се многу поголеми и дека достигнуваат висина од три метри.

„Сè е блокирано. Ситуацијата не е ништо. Градот некако го исчистивме, струја немаме, вода засега. Имаме тројца загинати колку што знам. Меѓутоа, проблемот е што многу села немаат сигнал ние воопшто немаме врска со нив и не знаеме што се случува таму и дали има итни случаи“, рече началникот.

Градовите и населбите во областа Шемберија и Мајевица трет ден се без струја бидејќи снегот го оштети далноводот во околината и екипите за поправка не можат да стигнат до столбовите поради обилниот снег.

Затворени се голем број патишта
Автомото клубот на Босна и Херцеговина (БИХАМК) соопшти дека поради снегот целосно се затворени патиштата кои водат од Бихаќ кон Босански Петровац и Кључ, како и од Дрвар кон Босански Петровац и Гламоч.

Забранет е сообраќајот за сите возила и на правците Гламоч-Млиниште и Купрес-Ново Село. Прекината е и трасата од Бања Лука до Кнежево како и од Котор Варош до Теслиќ.

Сообраќајот на камиони е забранет на низа други патни правци, особено на оние што минуваат низ планинските превои.

Слаб снег денеска падна во делови од Босна и Херцеговина, а состојбата се очекува да се подобри од утре кога се прогнозира дека врнежите ќе престанат и времето ќе се разведри.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button