Деловниот сектор продолжува да се соочува со недостиг на работна сила
Деловниот сектор продолжува да се соочува со недостиг на работна сила

Деловниот сектор продолжува да се соочува со недостиг на работна сила. Во Агенцијата за вработување има
илјадници граѓани кои чекаат некој да ги повика на работа, а најголема побарувачка има за наставници,
здравствени работници, инженери и програмери.
За таа цел, Стопанската комора формираше два совети кои ќе помогнат во наоѓање стручен кадар. Првиот
совет работи со формално образование, односно подготовка на работната сила преку дуално образование, за
што е потребно малку повеќе време. Како што не информира Наташа Јаневска од Стопанската комора,
годинава во стручното образование се запишани 70 отсто од учениците. Вториот совет работи со високо
образование.
Но, Стопанската комора тешко наоѓа кандидати за започнување на шестмесечната обука бидејќи, како што
вели, повеќето се приматели на социјална помош, а се плашат да не ја изгубат. Поради ова таа бара промена
на методологијата за распределба на социјалната помош, со цел оние кои ќе завршат обука да не го загубат
правото на социјална помош. Оние кои започнуваат со обука често завршуваат со вработување.
Според последните статистички податоци, околу 95.000 граѓани на Македонија се невработени./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу