ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Демант од ЈП ЖРСМ Инфраструктура на прес-конференцијата на министерот за транспорт и врски

ЈП ЖРСМ Инфраструктура во целост ги демантира изнесените наоди во текот на вчерашната прес конференција на Министерот за транспорт и истите претставуваат манипулација на јавноста или непознавање на проблематиката.

Во однос на невистинитата спектакуларна констатација за цена по километар пруга, би сакале да појасниме дека наведениот износ не е проценка, туку финансиска конструкција на проектот.

Финансиската конструкција не се однесува само на цена по километар пруга, туку на пет компоненти од проектот и тоа: техничка помош, надзорен инженер, градежни работи, сигнализација и телекомуникации, како и електрификација на В9км пруга од Куманово до граница со Р. Бугарија.

Проценетата вредност на проектот за изградба на новата железничка делница од Крива Паланка до граница со Република Бугарија е изработена од страна на еминентни меѓународни консултантски компании ангажирани преку грантовски механизми поддржани од нашите меѓународни стратешки партнери, а не од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Исто така, во однос на рушењето на 16 куќи и раселување на жителите на Крива Паланка, би сакале да потенцираме дека јавната расправа успешно е завршена во текот на 2025 година, а соодветната документација е одобрена и достапна на веб-страната на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button