Демири: „Монструм“ злоупотребен во политички цели

Адвокатот Ардијан Демиро во вечерашното гостување во „Емисија 200“ на Алсат, рече дека злоупотребата на случајот „Монструм“ за прашања од дневната политика значително ги погодила семејствата на обвинетите, будејќи лажни надежи, но и роднините на жртвите кои исто така очекуваат дека актерите на убиството ја добиле казната што ја заслужуваат. Демири дури не ја исклучува можноста случајот да заврши во Судот во Стразбур.
„Контрадикциите се токму ова: Политичка манипулација, употреба на случајот за потребите на дневната политика и зголемување на надежта кај роднините на обвинетите, но тука се многу важни и роднините на жртвите, затоа што во меѓувреме тие се повеќе повредени и секако дека е исправно и правилно е и потребно е вистината да излезе на виделина“, вели Демири.