МАКЕДОНИЈА

Демократско движење: Иселувањетo на младите е резултат на лошото владеење на ДУИ

Од Демократското движење велат дека масовното иселување на младите е резултат на 20-годишното лошо владеење на ДУИ. „Додека функционерите во Северна Македонија, наведоа од партијата, зборуваат за можен успех и за перспектива во областа на економијата, од друга страна, младите, особено Албанците, не гледаат перспектива, па во потрага по подобра иднина заминуваат во Запад“. Според Демократското движење, во саботите автобуските станици и скопскиот аеродром се преполни со семејства кои ги испраќаат своите деца во еден правец. Тоа е шокантна слика, слика која го отсликува неуспехот на една влада, која мисли само на перспективата на своите членови и нивните семејства, изјави Дијана Незири од албанската опозициска партија.

Advertisements

„Залудно ДУИ апелира да аплицираат наши млади да работат за изградба на коридорите. За да се пополнат 2.000 работни места, се појавија едвај 300 заинтересирани бидејќи работната сила од Северна Македонија бега. Сето тоа е последица на лошо владеење, неправда, корупција, несигурност, немање перспектива, недостиг на морал, заробување на државата, кражби и измами“, вели Незири.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button