ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ден на независноста – 33 години „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“

Свечената академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје. Свеченоста ќе започне со изведба на македонската химна од страна на детски хор, по што ќе биде прикажан видео спотот „Везилка“ која вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески.

 Програмата ќе продолжи со изведби на дела од македонски автори поврзани со оваа тематика од страна на државниот џез оркестар. Во рамките на свеченоста ќе биде прикажан и специјално подготвен пригоден видео спот од прославата на независноста кое вклучува архивски материјали од Референдумот во 1991 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button